Никола Миротиќ постигна фантастични поени во последната секунда за да ги предводи Барселона до 82:80 победа на гости кај ЦСКА Москва во меч од 26. коло во Евролигата, за прв триумф на Каталонците над „Армејците“ на гости од ноември 2012.
Миротиќ го заврши мечот со најмногу поени, 23 и со осум скока за одмазда против рускиот тим кој ги растури на првиот меч во Барселона. Ова е седми триумф во низа за Барселона за подобрување на скорот на 20-6 и математичко обезбедување на место во плејофот.
Анадолу Ефес, останаа најдобриот тим во регуларната сезона со 23-3 скор, откако Василије Мициќ и Андриен Мерман ги предводеа до 99:86 победа на гости кај Алба Берлин. Мициќ имаше 22 поени, 9 асистенции и 5 скока, а Мерман додаде 19 поени и 7 скока во уште еден меч без Шејн Ларкин (кој е во аут од средината на месецот).
ЕВРОЛИГА, 26.КОЛО
ЦСКА Москва – Барселона 80:82 (15:18, 25:19, 20:26, 20:19)
Зенит Петерсбург – Баерн Минхен 68:77 (20:19, 16:21, 18:20, 14:17)
Алба Берлин – Анадолу Ефес 86:99 (21:32, 26:18, 18:29, 21:20)
Макаби Тел Авив – Олимпијакос 71:70 (20:16, 19:13, 13:21, 19:20)
Басконија – Црвена звезда 71:56 (21:15, 18:13, 15:15, 17:13)