Top Sport

ЛЕ: Јунајтед сигурен, Интер победи пред празни трибини, Ајакс во аут! (видео)

Манчестер јунајтед и Интер го потврдија својот статус како најголеми фаворити за титулата од Лига Европа, со сигурни домашни победи да обезбедат место во осминафиналето, каде што нема да биде Ајакс, кој не успе да ја надмине разликата на Хетафе, а можеби и Арсенал, кои беа приморани да играат продолженија откако Олимпијакос имаше 1:0 водство по 90-те минути.

На „Олд Трафорд“ темпото на мечот беше одредено во 23. минута, кога Клуб Бриж остана со играч помалку по бизарното играње на рака на гостинскиот фудбалер Симон Дели, по што Јунајтед дојде во водство од белата точка преку Бруно Фернандеш.

Деби гол во дресот на „ѓаволите“ постигна Одион Игало, кој моментот го искористи за посвета кон неговата сестра, Мери Атоле, која почина во декември.

Во листата на стрелците се запишаа и повратникот во тимот Скот Мектоминеј и двапати Фред за убедлива 5:0 победа.

На „Сан Сиро“ пак, во помалку нереална атмосфера пред празни трибини поради корона вирусот, Интер го потврди пласманот со 2:1 победа над бугарски Лудогорец. Бугарскиот шампион дојде во водство во 26. минута, но Бираги и Лукаку го комплетираа пресвртот до крајот на првото полувреме.

Ајакс ќе може да се фокусира на домашниот шампионат, откако со 2:1 го победија Хетафе, но на гости загубија со 0:2. Севилја пак, за малку ќе им се придружеше на „копјаниците“, откако одиграа само 0:0 со романскиот ЦФР Клуж и одат понатаму само бидејќи на гостувањето во Романија одиграа 1:1, односно постигнаа гол на гости.

Арсенал пак, низата добри резултати ја прекина со 0:1 пораз во регуларните 90 минути од Олимпијакос, по што на „Емирати“ се играат продолженија.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Ајакс – Хетафе 2:1, прв меч 0:2, вкупно 2:3

Арсенал – Олимпијакос 0:1, прв меч 1:0, вкупно 1:1, се играат продолженија

Бенфика – Шахтјор Доњецк 3:3, прв меч 1:2, вкупно 4:5

Селтик – Копенхаген 1:3, прв меч 1:1, вкупно 2:4

Интер – Лудогорец 2:1, прв меч 2:0, вкупно 4:1

Манчестер јунајтед – Клуб Бриж 5:0, прв меч 1:1, вкупно 6:1

Севилја –ЦФР Клуж 0:0, прв меч 1:1, вкупно 1:1, Севилја оди понатаму поради гол во гости

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – БРИЖ

ИНТЕР – ЛУДОГОРЕЦ

АЈАКС – ХЕТАФЕ

СЕВИЛЈА – ЦФР КЛУЖ

СЕЛТИК – КОПЕНХАГЕН

ЛЕ: Рома, Леверкузен, Вулфс и Волфсбург сигурно во осминафинале (видео)

Scroll to Top