Top Sport

МКФ ги подели премиите

Македонската кошаркарска федерација (МКФ), денеска им ги исплати ветените премии на членовите на репрезентацијата во машка сениорска конкуренција која го освои првото место во групата во рамки на првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Со три победи од вкупно четири одиграни натпревари сениорите се стационираа на првото место на табелата во групата А и се пласираа во втората фаза од претквалификациите која ќе започне да се одигрува тековната седмица, а ќе заврши во февруари идната година.

Македонската кошаркарска федерација се надева дека наградата за постигнатиот успех ќе биде дополнителен мотив на сите членови на репрезентацијата за периодот што следи.

извор: mkf.mk

Scroll to Top