Top Sport

Интер подготвиле нов договор за Икарди

Најдобриот играч и стрелец на Интер, Мауро Икарди, наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, објавија италијанските медиуми.

Икарди, долго време се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но на крајот реши да остане на „Џузепе Меаца“. Интер за својот капитен подготвил договор кој ќе има важност до 2023 година и според кој Аргентинецот треба да има годишна плата од околу шест милиони евра.

Она што е интересно, во новиот договор нема да се менува откупната клаузула и даа и понатаму ќе изнесува 110 милини евра.

Scroll to Top