Никола Миротиќ можеби ќе заврши во Црвена звезда, откако во „потерата“ по неговиот потпис се вклучи и монахот Илија Буха, кој го пречека кошаркарот на Барселона во манастир во Србија.
Буха е познат како голем навивач на кошаркарскиот тим на Звезда, и присуствуваше на неколку мечеви од Евролигата оваа сезона.
„Преговорите се тешки, но одат во вистинска насока“, напиша тој на Твитер со порака до Црвена звезда.
Секако, за потписот на Миротиќ се заинтересирани и други европски клубови, како Олимпија Милано и Анадолу Ефес.
Pregovori su teški ali idu u pravom smeru @kkcrvenazvezda pic.twitter.com/AnPWlpnx68
— Илија (Војинов) Буха (@velickotrpic) June 25, 2023