Top Sport

Монструозна партија на Таунс, 60 поени и 17 скокови – Кари постигна „само“ 47 поени

Карл Ентони Таунс со неверојатна партија го обележа натпреварот помеѓу Минесота Тимбервулс и Сан Антонио Спарс. Волците славеа победа 149:139, а Таунс натпреварот го заврши со 60 поени и 17 скокови.

Центарот на Минесота, кој на Ол-стар викендот победи во натпреварот, во шутирање тројки, од игра шутираше 19/31, во статистиката запиша три асистенции и една украдена топка. Таунс постави нов рекорд на франшизата од Минеаполис. Ова е најдобриот индивидуален учинок на еден играч од почетокот на сезоната.

Таунс го поништи учинокот на најефикасните играчи на Сан Антонио, Келдон Џонсон (34 поени, 8 скока, 4 асистенции) и Дежонте Мареј (30 поени, 12 асистенции).

Волците во чекот го следат Денвер и се надеваат дека до крајот на регуларниот дел ќе успеат да дојдат до шестото место на Западот.

Голден стејт Вориорс славеа победа во дуелот со вашингтон Визардс 126:112. Блескаше Стеф Кари со 47 поени. Бекот на Вориорс погоди 16 од 25.обиди од поле, во статистиката запиша и по шест скока и асистенции.

Во тимот на Вориорс, по речиси два месеци се врати Дрејмонд Грин (шест поени, седум скока, шест асистенции).

Милвоки Бакс победија на гости кај Јута со 117:111. Ова е прва победа на Бакс во Солт Лејк сити уште од 2001 година. Јанис Адетокумбо со 30 поени и 15 скокови, односно Џру Холидеј со 29 поени ги предводеа Бакс.

Резултати: Кливленд-ЛА Клиперс 120:111, Атланта-Портланд 122:113, Оклахома-Шарлот 116:134, Сакраменто-Чикаго 112.103, ЛА Лејкерс-Торонто 103:114.

Scroll to Top