Top Sport

Чоло Симеоне е вистинскиот човек за ПСЖ?

Аргентинецот Диего Симеоне е главниот кандидат за нов тренер на ПСЖ, пишува „Екип“. ПСЖ се во потрага по нов тренер, кој ќе дојде на позицијата на која сега се наоѓа Маурисио Покетино.

„Екип“, секогаш веродостоен извор на информации, особено кога во прашање е ПСЖ, тврди дека челниците на клубот се согласиле дека Симеоне би бил најдобар избор за нов тренер. Аргентинецот е тренер кој бара челична дисциплина и беспоштедна борба на теренот од своите играчи.

Симеоне, ненадејно излегол во прв план, откако Зинедин Зидан ја одбил понудата од Париз. Целта на Зизу, според овој извор, била да стане селектор на Франција.

Диего Симеоне, повеќе од 10 години се наоѓа на кормилото на Атлетико Мадрид. Со овој клуб има договор до јуни 2024 година. Чоло е тренерот со најголема плата во светот. Атлетико годишно му плаќа 24.000.000 евра.

„Екип“, пишува дека ПСЖ биле подготвени да платат обесштетување доколку Симеоне ја прифати нивната понуда.

Scroll to Top