Top Sport

Јокиќ не запира, дабл-дабл на Нуркиќ, 19 поени на Богдановиќ

Играчите од просторите на поранешна Југославија, Никола Јокиќ, Богдан Богдановиќ и Јусуф Нуркиќ имаа забележителни партии во победите на своите екипи во НБА лигата.

Актуелниот МВП, Јокиќ, продолжи со фантастичните јануарски партии. Тој постигна трипл-дабл во победата на Денвер над Њу Орлеанс 116:105. За Јокиќ ова беше шести трипл-дабл овој месец, со што го израмни личниот рекорд од јануари 2019 година.

Јокиќ 22 од своите 29 поени постигна во второто полувреме, на кои им придодаде и 13 скока и 10 асистенции.

Сонародникот на Јокиќ, Богдан Богдановиќ, беше вториот најефикасен играч на Атланта во победата над Бостон 108:92. Богдановиќ забележа 19 поени и по три скока и асистенции.

Одличната форма ја потврди и Босанецот, Јусуф Нуркиќ. Во победата на Портланд над Хјустон (125:110), Нуркиќ имаше учинок од 25 поени и 13 скокови.

Scroll to Top