Актуелниот шампион на Црна Гора во кошарка, Морнар од Бар, воочи стартот на новата сезона во регионалната АБА-лига се засили со уште еден Американец.
Нов играч на тимот стана Антабиа Волер (30) кој потпишал едно годишен договор. Претходно Морнар се засили со сонародниците на Волер, Кадим Карингтон и Броносон Коинг.
Волер во сезоната 2016/2017 го носеше дресот на Морнар, а изминатата сезона настапувае во Варезе.
Покрај тројцата Американци, екипата од Бар во преодниот рок се засили со Марин Морнар, Никола Ребиќ и Ѓорѓе Дреновац.