Top Sport

МВР: Фоторепортерот на КК Чаир 2030 физички го нападнал кошаркарот на Работнички

Големиот инцидент на кошаркарскиот натпревар меѓу Чаир 2030 и Работнички, кој беше прекинат поради физички напад над гостинскиот кошаркар Ерик Нотиџ, го расветлува Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, лицето кое го нападна гостинскиот кошаркар било вработен во клубот како фоторепортер.

„Синоќа во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска сала „Шабан Трстена“ на подрачје на Чаир, за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во билтенот на МВР.

Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 го очекува жестока казна поради овој голем инцидент.

Scroll to Top