МЗТ Скопје Аеродром го потврди потпишувањето на тригодишен договор со поранешниот македонски младински репрезнтативец, Иван Волкановски (20 години, 209 сантиметри) од АВ Охрид.
Волкановски е деветиот кошаркар кој во моментов е под договор со МЗТ Скопје Аеродром, за кој во новата сезона ќе играат уште и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ранко Мамузиќ и кенискиот интернационалец Нуни Омот.
Тренерот Ѓорѓи Кочов го закажа почетокот на подготовките за новата сезона од среда.