Top Sport

МЗТ и Работнички во нова „вечна“ пресметка во купот

МЗТ и Работнички уште еднаш ќе се судрат во Купот на Македонија, овојпат во полуфиналето, откако „металците“ со 89:62 (24:10, 16:15, 28:17, 21:20) го совладаа Кожув во четврт-финалето.

Слично како и вечниот ривал Работнички, МЗТ Скопје немаше голем проблем со Кожув, поведувајќи со 14 разлика уште во првата четвртина (24:10) за потоа рутински да стигнат до победата. Дамјан Стојановски со 15 поени и 7 скока беше најдобриот кај МЗТ, додека Младеновски и Самарџиски додадоа 10, додека за Кожув Вилијамс со 15 и Караколев со 13 беа најдобрите поединци.

Во второто полуфинале од купот ќе се сретнат Блокотехна и подобриот од дуелот помеѓу Гостивар и Фени Индустри, кој се игра од 20.15 часот.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/4 ФИНАЛЕ

Блокотехна – Охрид 115:68 (27:18, 34:17, 25:14, 29:19)

Работнички – Куманово 104:80 (31:16, 23:22, 23:13, 27:29)

МЗТ Скопје – Кожув 89:62 (24:10, 16:15, 28:17, 21:20)

Гостивар – Фени И. 20.15 ч.

Фото: МКФ

Scroll to Top