Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја потврди првата позиција на табелата и предноста од домашен терен во разигрувањето за титула откако во последниот натпревар од 21. коло славеше на гости против Феникс 2010 со 64:82.
Аеродромци на полувремето обезбедија десет поени предност (32:42), а Феникс немаше сили да го одведе мечот во неизвесна завршница.
Крстевски и Кук постигнаа по 15 поени во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, а Јанески од тикот на Феникс 2010 беше најефикасен на мечот. Тој уфрли 19 поени и имаше шест скока.