МЗТ Скопје Аеродром продолжи со серијата победи кои му ја донесоа првата позиција на табелата. Тимот на на Александар Петровиќ го совлада Феникс со 92:68.
Бранителот на титулата доминираше во првото полувреме по кое водеше со двоцифрена разлика (50:40). Сите дилеми околу победникот беа разрешени на почетокот на третиот период кога МЗТ направи серија од 12:0 и создаде недостижна предност.
МЗТ Скопје Аеродром сега има две победи повеќе во однос на Пелистер во пресрет на утрешното гостување на битолчани во Гостивар.