Top Sport

МЗТ Скопје го доведе Американецот Абдул-Малик Абу

Искусниот американски центар Абдул-Малик Абу е новото име кое ќе го носи дресот на тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Тој доаѓа на местото на Турчинот Самет Јигитоглу, кој си го откупи договорот за да се врати во Турција.

Абдул-Малик Абу потпиша договор до крајот на сезоната, а станува збор за кошаркар кој одлично се снаоѓа на позициите „четири“ и „пет“ и кој се очекува да донесе цврстина под обрачите.

Абу доаѓа од Израел, каде што настапувал за Хапоел Галил Елион, додека претходно бил дел од бундеслигашот Вурцбург, корејскиот прволигаш Чангвон, турскиот тим Беледијеспор, Спортинг Лисабон и Вриједноснице Осијек. Зад себе има повеќе од солидна НЦАА кариера во Северна Каролина државниот универзитет, каде што во една од сезоните имал просек од 11,8 поени и седум скока.

Scroll to Top