Top Sport

МЗТ Скопје сигурен на гостувањето кај Кожув

МЗТ Скопје Аеродром го совлада Кожув во Гевгелија со 78:88 и стигна до осмиот триумф оваа сезона во домашниот шампионат. Избраниците на тренерот Александар Петровиќ успеаја да се вратат психолошки по поразот од Борац во АБА-лигата.

МЗТ беше убедлив во третиот период, го доби со 19 поени разлика (12:31) и на крајот обезбеди сигурен триумф.

Војдан Стојановски со 21 поени и шест асистенции беше прв стрелец во победнчкиот тим, а Робев уфрли 16. На другата страна Гордон реализираше 34 поени.

Scroll to Top