Top Sport

МЗТ Скопје со шампионски предизвик против Црвена Звезда на враќањето на регионалната сцена

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по четири години повторно е дел од регионалната елита. Се врати во АБА лигата, а новата сезона ја отвора со најголемиот предивик, бранителот на трофејот Црвена Звезда.

dobivaj vesti na viber

Тимот од „Јане Сандански“ кој најави дека во повратничката сезона амбициите се опстанок на АБА лигата на гостувањето во Белград оди со желба за надигрување и достоинствено претставување со кое клубот ќе потврди дека местото му е меѓу најдобрите во регионот.

„Стартува АБА-лигата, која е меѓу трите најквалитетни во Европа. Пред нас е напорна и тешка сезона, но ќе одиме на победа на секој натпревар. Во АБА секој дуел за нас ќе биде финале, а секоја победа – злато вредна. Се надевам на што е можно повеќе победи и добра презентација на македонската кошарка“, вели во пресрет на повратничката сезона капитенот Дамјан Стојановски кој во тандем со близнакот Војдан ќе бидат моторот на МЗТ.

Бранителот на трофејот во сезоната влегува со големи промени во однос на ланскиот шампионат. Покрај во играчкиот кадар, кај Звезда е променет и тренерот.

„Нашите амбиции се добро познати, играме на домашен терен и сакаме да победиме. Сакаме да го наметнеме нашиот ритам од самиот старт и да одиграме добар меч пред нашите навивачи. МЗТ е тим што сериозно се засили со искусни кошаркари и ние дефинитивно ќе влеземе со максимален фокус и респект за противникот, без никакво опуштање“, вели новиот предводник на црвено-белите Владимир Јовановиќ.

За МЗТ и Црвена Звезда вечерашниов (20 часот) ќе 13. меѓусебен натпревар, во претходните 12, сите во АБА лигата, македонскиот првак има само една победа, од пред девет години во Скопје. Последен пат македонскиот и српскиот шамион играа во 2018 година, кога Црвена Звезда славеше убедливо во Скопје.

 

Scroll to Top