МЗТ Скопје го победи Феникс 2010 со 83:68 во последниот натпревар од десеттото коло во Првата кошаркарска лига. Домаќинот обезбеди двоцифрена предност веќе по првиот период (24:14), а на полувреме замина со 14 поени позитива.
До крајот, избраниците на Александар Петровиќ рутински го одработија дуелот и стигнаа до деветтата победа во шампионатот.
Јигитоглу имаше далб-дабл со 17 поени и 11 скока, а Миќовиќ уфрли 13 поени и имаше шест скока. Кај Феникс 2010, Трајковски постигна 15 поени, а Хот и Такер беа стрелци на 13 кошеви.