МЗТ Скопје Аеродром со високи 80:44 (14:19, 24:13, 19:9, 23:3) го победи Работнички во првиот меч од финалето на плејофот, откако во фантастичното второ полувреме им дозволи само 12 поени на вечните ривали.
Во „Јане Сандански“, Работнички на стартот на имаше иницијативата и ја освои првата четвртина со 19:14, меѓутоа, тоа како да ги налути „металците“, кои доминираа до крајот на мечот, финиширајќи со неверојатната последна четвртина, која ја добија со 23:3.
Војдан Стојановски беше најефикасен со 17 поени, додека Магдевски кај Работнички постигна 13 поени. Вториот меч во финалната серија се игра во вторник.
Фото: МЗТ Скопје Аеродром