МЗТ Скопје Аеродром се врати во првата АБА лига, откако во тесна завршница со 75:71 го победи Широки Бријег за пласман во финалето на АБА2 лигата пред својата верна публика, која направи шоу во СЦ „Јане Сандански“.
Двете екипи пред стартот на мечот знаеја дека триумф ќе значи влегување во АБА1 лигата, откако во првото полуфинле, Чајетина Златибор со 98:83 го победи Борац Бања Лука за пласман во финалето. Поради лимитот за српски клубови во првата лига, Златибор не може да влезе во елитата, отварајќи простор за „металците“ и Широки Бријег да се борат за влез во елитата во јадранската лига.
По првата четвртина, која Широки Бријег ја реши со минимална предност (19:20), „металците“ имаа фантастична втора четвртина за до полувреме да поведат со 44:39. До финишот на мечот се играше израмнето, но „металците“ не го испуштија водството за да се вратат во јадранската елита.
Фото: АБА2 лига
.@kkmztskopje have HUGE support from their fans in the semi-final match against @hkk_siroki. ?#ABALiga2 pic.twitter.com/v1VL53XF7v
— NLB ABA League 2 (@ABA_League2) April 15, 2022
Nemanja Milošević makes the block and @kkmztskopje crowd goes wild! ?#ABALiga2 pic.twitter.com/HVukGFihgc
— NLB ABA League 2 (@ABA_League2) April 15, 2022