Док Риверс, тренерот на Лос Анџелес Клиперс, има интересно мислење поврзано со вечната дебата кој е најдобриот во историјата на кошарката, Мајкл Џордан или Леброн Џејмс.
Еден од најдобрите тренери во НБА лигата вели дека Џордан не бил изложен на никакви критики во првите седум сезони кога не успеал да ја освои титулата.
„Мајкл во првите седум години не ја освои титулата. Причина за тоа е што не му веруваше на системот. Сакаше сам да доминира. Не разбираше колку е важно да ги користи соиграчите. Но тогаш никој не го критикуваше Мајкл“, вели Риверс.
Според него никој не очекувал од Џордан дека ќе биде најголемиот на сите времиња кога се појавил во НБА лигата, додека за Леброн очекувањата биле такви.
„Разликата меѓу Мајкл и Леброн е таа што кога Мајкл влезе во лигата сите беа изненадени, а кога Леброн влезе во лигата сите очекуваа дека ќе биде брилијантен. На Мајкл му дозволивме да израсне во најголемиот на сите времиња, на Леброн не му го овозможивме тоа“.
Леброн во досегашниот дел од кариерата освоил три НБА титули, а има порази во шест финалиња, додека Џордан победил шест пати, односно во сите финалиња во кои учествувал.
“Michael… we allowed him to grow into greatness. With LeBron, we didn’t allow that”
Doc Rivers gives his opinion on the Jordan vs. LeBron debate.
Interesting perspective ? pic.twitter.com/EBQ6OmcCQe
— Sports ON Tap Hoops (@SONTHoops) May 23, 2020