Top Sport

Волкановски: Сигурен сум дека победив, сакам брз римеч

Алекс Волкановски побара римеч со Ислам Махачев, откако тој и неговите фанови сметаа дека победата на Русинот на УФЦ 284 на поени е контроверзна.

Австралиецот се обидуваше да стане шампион во две дивизии против Махачев, и беше многу блиску до победа, откако судиите го оценија мечот со 48:47, 48:47 и 49:46 во корист на Махачев и покрај тоа што Волкановски за малку ќе го завршеше мечот во финишот со нокаут. 34-годишниот Волкановски преку социјалните мрежи објави дека откако повторно го одгледал мечот, смета дека тој е победникот.

„Само што го гледав мечот, и сигурен сум дека победив во втората, третата и петтата рунда. Изненаден сум што не бев прогласен за победник. Ајде на римеч, било каде, било кога“, напиша Волкановски.

Иако можноста за римеч секогаш постои, се очекува следен меч на Волкановски да биде дуелот за обединување на титулите во перо категорија со преодниот шампион, Јаир Родригез.

Махачев ја доби „војната“ на шампиони против Волкановски

Scroll to Top