Кошаркарот на Црвена звезда, Американецот Лоренцо Браун, наскоро би можел да стане играч на Панатинаикос.
„Лоренцо Браун по добрата сезона во Евролигата со Црвена звезда се наоѓа во завршната фаза од преговорите со ПАО од Атина“, пишува специјализираниот кошаркарски пртал „Јурохуп“.
Браун оваа сезона во Евролигата има просек од 12,3 поени, 3,3 скока и 4,6 асистенции по натпревар.
Преговорите со Американецот значат дека Панатинаикос ќе остане без својот главен играч Ник Калатес. За неговите услуги се заинтересирани ЦСКА, Зенит, Милано и Барселона.