Top Sport

Најдобрите потези на Адетокумбо од финалната серија

Милвоки Бакс, пред неколку дена ја освоија титулата во НБА лигата. Бакс, во финалната серија, со вкупни 4-2, ги победија Финикс Санс.

До првата титула по пауза од 50 години, Милвоки ги предводеше Јанис Адетокумбо со просечни 35 поени по натпревар. Во шестиот меч Гркот го предводеше својот тим со 50 поени.

Сосема заслужено, Адетокумбо, беше прогласен за најдобар играч во финалната серија.

НБА лигата ги објави 10 најдобри потези на Јанис, во финалната серија. Уживајте во раскошниот репертоар на „Адетокумбо.

Scroll to Top