Top Sport

„Најк“ под притисок откако нивните патики го повредија Зион Вилијамсон! (видео)

Денеска се очекува акциите на „Најк“ да доживеат пад на берзата во Њујорк, откако колеџ-кошаркарската ѕвезда Зион Вилијамсон се повреди бидејќи неговата патика се „распадна“ во игра.

Во натпреварот од НЦАА колеџ-лигата меѓу Дјук и Северна Каролина, ѕвездата на Дјук, Вилијамс доби повреда на коленото откако неговата патика едноставно се „расцепи“. Многумина сметаат дека Вилијамсон е можен следен прв пик на драфтот во НБА лигата.

„Загрижени сме и му посакуваме на Зион брзо опоравување. Квалитетот и перформансите на нашите продукти секогаш се најважни за нас. Ова е изолиран инцидент, но работиме да го идентификуваме проблемот“, се вели во соопштението на „Најк“.

Scroll to Top