Top Sport

Реал го демолираше Валјадолид во меч со промашен пенал и два поништени гола (видео)

Реал Мадрид вечерва славеше убедлива победа на гостувањето против тимот на Валјадолид со резултат 1-4. Мечот донесе многу возбудувања, имаше еден промашен, еден реализиран пенал, црвен картон, два поништени гола поради ВАР сугестија, и вкупно 5 гола.

Најпрво при резултат 0-0 во 12 минута Алкараз промаши пенал, топката ја испрати далеку над пречката. Сепак домаќините успеаја да дојдат во водство во 29 минута со голот на Туами.

Во 34 минута Варан изедначи на 1-1, а тоа беше се што се однесува до резултатот по првите 45 минути. Сепак во првиот дел беа и двата поништени гола на домашните. Серхио Гвардиола постигна гол за Ваљадолид во 13 минута, но беше поништен по консултација со ВАР-собата. И пет минути подоцна Гвардиола беше стрелец, но и тој гол беше поништен, поради офсајт.

Во вториот дел започна доминацијата на Реал Мадрид. Во 51 Бензема погоди пенал за водство од 1-2. Истиот играч 8 минути подоцна поентира за 1-3.

Во 80 минута Реал остана со 10 играчи во терен по вториот жолт картон на Касемиро. Но тоа не го спречи Лука Модриќ со голот во 85 минута да стави точка на натпреварот и да ги постави конечните 1-4.

По овој мел Реал е трет на табелата со 51 бод, додека Валјадолид се бори за опстанок во Ла лига и е на само 1 бод над опасна зона која води во понизок ранг.

Scroll to Top