Top Sport

Тајсон VS Холифилд веќе на 11 јули во Саудиска Арабија?

Во отсуство на официјални вести, главната шпекулација на социјалните мрежи во недела навечер е дека веќе е договорен трет меч помеѓу ветераните Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд, и тоа веќе на 11 јули во Диријах, Саудиска Арабија.

53-годишниот Тајсон неодамна откри дека повторно тренира во обид да се врати во рингот за „неколку добротворни мечеви“, а неколку дена подоцна и Ивандер Холифилд потврди дека останува во добра физичка подготовка со видео од неговите тренинзи. Холифилд потоа директно го повика Тајсон да „го дадат на фановите тоа што го посакуваат“ со организирање на трет меч меѓу нив, 23 години по последниот.

Останува да се види дали се работи само за желба на некој фан или за официјален меч.

Scroll to Top