Кливленд, Бостон, ЛА Клиперс, Орландо, Портланд и Индијана забележаа победи во натпреварите кои во НБА лигата се одиграа изминатата ноќ. Индивидуално доминираа Леброн Џејмс од Кливленд, Демаркус Казинс и Арон Городн од Орландо.
Леброн Џејмс најдобриот играч на денешнината мечот со Чикаго го одигра на плејмејкерската позиција, но тоа не му пречеше со 34 поени и 13 асистенции да го предводи Кливленд до победата 119:112. Кај Чикаго добар меч одиграа Џастон Холидеј (25 поени) и младиот Финец Лаури Марканен (19 поени, 8 скока).
Орландо славеше во дуелот со Бруклин 125:121, а натпревар на кариерата одигра Арон Гордон кој оствари двоен ефект од 41 поен и 14 скокови. Гордон во нападот поош доби од францускиот репрезентативец Евен Фурније кој уфрли 28 поени. Бруклин беше предводен од Дианџело расел кој постига 29 поени.
Њу Орлеанс без најдобриот играч Ентони Дејвис немаа сили да му се спротивстават на Портланд, во чии редови пеколно во финишот одигра Си Џеј Мекалум. Бекот на Портланд во последната четвртина постигна 16 од своите 23 поени. Кај Њу Орлеанс доминираше Казинс со 39 поени и 13 скока.
На другите натпревари Босотн го победи Њу Јорк 110:89, Минесота загуби од Индијана 107:130, а Клиперси славеа против Јута 104:82.