Доминиканската Република, предводена од НБА ѕвездата Карл Ентони Таунс, го издржа камбекот на Италија за 87:82 победа, нивна втора на Светското првенство.
Италијанците имаа подобар старт, поведоа со 12:0, но потоа ја загубија контролата на мечот по техничките грешки за селекторот Џанмарко Поцеко, кој на крајот доби исклучување пред крајот на полувремето, за потоа да има и расправија со обезбедувањето во Манила во тунелот.
Андрес Фелис и Таунс ја искористија нервозата на противниците за да направат предност од 17 поени во одличната трета четвртина во која имаа 31 поен. И покрај ова, Италијанците обезбедија неизвесен финиш, кога на 25 секунди до крајот стигнаа до 85:82 негатива, но на крајот го забележаа својот прв пораз. Фелиз и Таунс завршија со по 24 поени за Доминиканците.
Во неверојатен финиш пак, Германија ја шокираше Австралија со 85:82, откако Австралијците не направија фаул во последните 12 секунди при 83:82 негатива.
СП ВО КОШАРКА 2023
Италија – Доминиканска Република 82:87 (19:13, 20:25, 17:31, 26:18)
Австралија – Германија 82:85 (25:24, 19:25, 22:13, 16:23)
Црна Гора – Египет 89:74 (27:17, 24:20, 19:19, 19:18)
Либан – Канада 73:128 (13:29, 17:37, 18:34, 25:28)