Насилните протести во повеќе американски градови, поради убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, продолжија и во текот на изминатата ноќ.
Скандал на протестите во Лос Анџелес предизвика НБА ѕвездата Џеј-Ар Смит, член на шампионската генерација на Кливленд Кавалирс.
Смит брутално претепал еден демонстрант бидејќи во текот на протестите тој оштетил еден од прозорците на неговиот автомобил.
На видеото се забележува дека Смит го удира демонстрантот додека тој лежи, а кога се обидува да стане со нога го удира во главата.
Крај на инцидентот ставиле пријателите на кошаркарот. Инаку Џеј-Ар Смит во моментов нема клуб.
JR Smith caught someone breaking his car window and took care of him pic.twitter.com/yU2zaXmTXU
— NBA Retweet (@RTNBA) May 31, 2020