Top Sport

НБА го избра Јокиќ во првата петорка за 2018/19, ова значи убав бонус!

НБА лигата ги објави изборот на најдобрите петорки во сезоната 2018/19 и ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ успеа да влезе во првиот тим покрај Јанис Адетокумбо, Џејмс Харден, Стивен Кари и Пол Џорџ.

Ова значи дека Џорџ го добива првиот тим пред Кевин Дурент, додека Јокиќ го победува Ембид. Јокиќ, кој имаше 20.1 поени, 10.8 скока и 7.3 асистенции во 80 меча во регуларната сезона, е само вториот кошаркар на Нагетси кој влегува во „Ол-НБА првиот тим“ покрај Дејвид Томпсон (1976-78). Тој исто така е првиот српски кошаркар со оваа почест.

Јокиќ го победи Џоел Ембид (втор тим) и Руди Гоберт (трет  тим) со 59 гласа за првиот тим, 38 за вториот и 2 за третиот. Бидејќи во неговиот договор има 4 милиони долари за бонуси, ова признание сигурно носи и финансиска заработувачка.

Scroll to Top