Top Sport

Ништо од двојната круна за Звезда! Српскиот куп за Партизан (видео)

Партизан успеа со 1:0 да ја победи Црвена звезда на нивниот стадион „Рајко Митиќ“ и да спречи „црвено-белите“ да стигнат до двојната српска круна првпат од 2006 година.

Финалето на српскиот куп требаше да се игра на стадионот „Чаир“ во Ниш, но во неверојатен склоп на настаните, Звезда, која ја прослави својата 30-та шампионска титула ја доби организацијата на мечот.

Ова беше четврти дуел на двата белградски гиганти оваа сезона, откако двапати одиграа 1:1, а еднаш победи Звезда (2:1), но во најзначајниот меч победата отиде кај Партизан, кој имаше крајно разочарувачка сезона со пласманот на третото место во Суперлигата.

Човек на одлука беше дефанзивецот Бојан Остојиќ, кој во 13. минута по слободниот удар на Данило Пантиќ ја искористи конфузната реакција на одбраната на Звезда за да ја прати топката во празниот гол.

Scroll to Top