Top Sport

НБА го одобри планот за рестарт со 22 тима

Бордот на гувернери на НБА лигата денеска го одобри планот за рестарт на сезоната 2019/20 со 22 тима во Орландо, Флорида. За предлогот се гласало со 29-1, односно само Портланд трејлблејзерс биле против предлогот.

„Ова е потребен чекор за продолжување на НБА сезоната. Иако пандемијата на КОВИД-19 претставува тежок предизвик за нас се надеваме дека ќе ја завршиме сезоната на безбеден и разумен начин според протоколите кои се договараат со здравствените власти и медицински експерти. Исто така препознаваме дека нашето општество уште е потресено од трагедиите од расното насилство и неправда и ќе продолжиме со нашите играчи да ги користиме нашите ресурси за ова прашање“, изјави комесарот на НБА, Адам Силвер.

Според планот, 13 тимови од Западната конференција и 9 од Источната конференција ќе играат осум кола од регуларната сезона, постои можност за плејин турнир за осмиот носител, а сите мечеви ќе се играат во „Волт Дизни ворлд ресорт“, попознат како Дизниворлд.

На топ 16 тимовите од Истокот и Западот ќе се приклучат тимови кои се на шест поени од осмото место во двете дивизии: Њу Орлеанс, Портланд, Сан Антонио, Сакраменто, Феникс и Вашингтон. Тимовите ќе почнат со тренинзи во Орландо од 9 до 11 јули.

Scroll to Top