Top Sport

Мерцедес ќе тестира наредната недела

Луис Хамилтон и Валтери Ботас се враќаат на патеката наредната недела откако Мерцедес најави тестирања во Силверстон кои ќе траат два дена.

Мерцедес најавија дека Хамилтон и Ботас ќе возат болиди од 2018 година бидејќи правилата на Формула 1 не дозволуваат тестирање на актуелните болиди.

Тимот наведува дека ќе се вежбаат протоколите пред почетокот на сезоната која е најавено за 5 јули.

Ботас ќе вози во вторник, а Хамилтон во среда.

Сезонава во Формула 1 ќе започне со две трки во Австрија на 5 и 12 јули.

Scroll to Top