Кошаркарите на ЛА Лејкерс забележаа победа над Чикаго Булс 103:94. Лејкерс ја забележаа осмата сезонска победа, додека Булс веќе имаат 11 порази.
Лејкерс пред своите навивачи одиграа исклучително лошо во првото полувреме, по кое имаа дефицит од 14 поени, а на почетокот на третиот период Чикаго имаше предност од 19 поени.
Сепак екипата на тренерот Лук Волтон, во финишот успеа да направи пресврт и да забележи победа.
Кајл Кузма постигна 22 поени, Кентавијус Калдвел-Поуп забележа 21 поен и 9 скока, а „дабл-дабл“ од 10 поени и исто толку скокови оствари Џордан Кларксон.
Дензеле Валентајн го предводеше Чикаго со 17 поени, а Финецот Лаури Марканен имаше 13 поени и 14 скока.