Кливленд кавалирс доживеаја нова катастрофа пред домашната публика, откако Хјустон рокитс ги совладаа со неверојатни 120:88.
Гостите доминираа од почетокот и тоа со слаб учинок на Џејмс Харден, и се одвоија бргу на двоцифрена разлика. Во втората четвртина предноста беше дури 26 поени, а на полувреме беше 65:39. Во второто полувреме разликата стигна и до 35 поени, а најдобар кај „ракетите“ беше Крис Пол со 22 поени и 11 асистенции, а Андерсон додаде 21 поен. Ајзаја Томас беше најефикасен кај Кавс со само 12 поени, додека „кралот“ Леброн Џејмс имаше 11 поени и 3-од-10.
И Голден Стејт вориорс доживеаја нов пораз, откако Денвер нагетс ги совлада во нивната арена со 115:108. Србинот Никола Јокиќ беше најзаслужен за победата на Нагетси, откако во финишпт на натпреварот имаше пет поени во низа, за да собере 19 поени со 9 скока. Вил Бартон имаше 25 поени, а Гери Херис 16, додека Кевин Дурент беше најдобар кај Вориорси со 31 поени, 7 асистенции и 6 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Мајами 111:107
Индијана – Филаделфија 100:92
Орландо – Вашингтон 98:115
Кливленд – Хјустон 88:120
Денвер – Голден Стејт 115:108
Минесота – Њу Орлеанс 118:107
Сан Антонио – Јута 111:120
Сакраменто – Далас 99:106