Top Sport

НБА: Хјустон и без Харден имаат „рецепт“ за Вориорс (видео)

Ерик Гордон предводеше пет кошаркари со двоцифрен број на поени, откако постигна 25 за Хјустон рокитс со 118:112 да го совладаат Голден Стејт вориорс и без повредениот Џејмс Харден.

Ова беше трета победа во третиот меч против двократниот актуелен шампион од НБА-лигата, откако минатиот мај, Голден Стејт ги победи во финалето на Западната конференција во тешки седум меча. Харден, кој имаше над 30 поени во 32 натпревари во низа, само по четврти пат не настапи оваа сезона.

Њу Орлеанс пак, со 128:112 ги изненади Лос Анџелес лејкерс, исто така без својата прва ѕвезда во тимот, Ентони Дејвис, пораз кој може скапо да го чини тимот од Калифорнија во борбата за плеј-оф.

Пеликанс во текот на целиот меч имаа водство, а најдобри беа Холидеј со 27 поени и Рендл со 24. Леброн Џејмс имаше 27 поени за Лејкерси, а Брендон Играм 29.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Атланта – Феникс 120:112

Шарлот – Бруклин 115:117

Кливленд – Мемфис 112:107

Њу Орлеанс – ЛА лејкерс 128:115

Вашингтон – Индијана 112:119

Мајами – Детроит 96:119

Чикаго – Бостон 126:116

Оклахома Сити – Сакраменто 116:119

Голден Стејт -Хјустон 112:118

Милвоки – Минесота 140:128

Јута – Далас 125:109

Scroll to Top