Никола Јокиќ и Бојан Богдановиќ беа дел од играчите кои ја обележаа изминатата ноќ во НБа лигата.
Најинтересниот меч го одиграа ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс, победија „езерџиите“ 127:109, а Денвер мечот го заврши без тренерот и првиот центар.
На половина од втората четвртина откако под кошот на Лејкерси не беше санкциониран фаул врз Јокиќ, поради бурна реакција судиите го исклучија тренерот на Денвер Мајк Мелоун, а заедно со него исклучен беше и српскиот репрезентативец Никола Јокиќ.
До исклучувањето Јокиќ имаше учинок од 12 поени и 6 скока. Најефикасни кај Денвер беа Гери Херис со 20 и Вилсон Чемдлер со 17 поени.
Кај Лејкерси се истакна Лонзо Бол кој го забележа вториот трипл-дабл во сезоната (11 поени, 16 скока, 11 асистенции).
Во еден од поинтересните дуели Торонто Репторс славеа над Вашингтон Визардс 100:91. Демар Дерозан со 35 поени, 8 скока и 6 асистенции беше најпрецизен кај Торонто, додека кај Вашинготн во чии редови го немаше Џон Вол, се истакна Бредли Бил со 27 поени.
Актуелниот првак Голден Стејт Вориорс гостуваше во Бруклин и славеше над Нетс 118:111. Блескаше Стеф Кари кој постигна 39 поени, а имаше и 11 скока, 7 асистенции и 3 украдени топки. Клеј Томпсон исто така оствари „дабл-дабл“ (23 поени, 10 скока). Овој меч поради полесна повееда на зглобот го пропушти Кевин Дурент.
Бруклин го предводеше Ален Краб со 25 поени.
Индијана Пејсерс на Флорида го декласира Мајами Хит 120:95. Индијана до победата ја предводеше хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ со 26 поени (6-10 за три). Во тимот на Мајами подобри од останатите беа Вејн Елингтон со 21 и Хасан Вајтсајд со 15 поени.
Феникс славеше во дуелот со Чикаго Булс 113:105. Ти-Џеј Ворен беше најефикасен во редовите на победникот со 27 поени, додека кај Чикаго се истакна Финецот Лаури Марканен со 26 поени и 13 скока.
Детроит Пистонс славеше над Минесота Тибервулвс во дуелот на тимовите кои се наоѓаат прв врвот на своите конференции. Пистонс славеа 100:97, благодарение на учинокот на Андре Драмонд (20 поени, 16 скока), односно Тобијас Херис и Ајвери Бредли кои постигнаа по 18 кошеви. Екс играчот на Чикаго, Џими Батлер со 26 поени ја предводеше Минесота, два помалку уфрли Ендру Вигинс.