Комесарот на НБА Адам Силвер во разговор за „ЕСПН“ ги открил наредните чекори на лигата.
„Размислуваме за три сценарија. Првото е да продолжиме да играме и тоа во услови на кои сме навикнати. Со 19.000 навивачи на трибините…Второто сценарио е да размислиме да продолжиме да играме зад затворени врати. Но најпрвин ќе треба да размислиме што значи тоа“, рекол Силвер и дополнил.
„На теренот би ги имале играчите, тренерите и помошниот персонал, тие би следеле одреден протокол, би биле под лекарски надзор…На крајот можеби лекарите би рекле дека е безбедно да се игра“.
Исто така Силвер спомнал дека е можно да биде организиран хуманитарен натпревар, нешто како Ол стар натпревар. Овој натпревар би бил искористен за да се соберат хуманитарни сретства во борбата против коронавирусот.
„Кошаркарите на тој меч би следеле одредени протоколи, мечот би го играле одредени кошаркари.Тие претходно би биле тестирани и изолирани. Луѓето се заробени во своите домови, потребна им е забава, некаква промена“.
Иако претходно беше најавено дека НБА лигата ќе биде суспендирана до наредниот месец, извесно е дека паузата ќе биде продолжена односно нема да се игра ниту во мај.
Лигата и сопствениците на клубовите се надеваат дека првенството ќе може да продолжи во јуни.