НБА лигата се согласи со Асоцијацијата на НБА играчи (НБПА) да не се вршат случајни допинг-тестови на марихуана во сезоната 2020/21.
„Поради невообичаените услови заедно со пандемијата на КОВИД-19, се согласивме со НБПА да го суспендираме случајното тестирање на марихуана во 2020/21 и да се фокусираме на тестирањето на состојки кои можат да ги подобрат перформансите“, потврди портпаролот на НБА, Мајк Бас.
НБА имаше слична политика и во „меурот“ во Дизниленд во Орландо, Флорида ова лето, каде што 22 од 30-те НБА тимови играа осум меча од редовната сезона и целосен плејоф во кој Лос Анџелес лејкерс ја освои титулата.
Во вторникот започнаа тренинг-камповите за тимовите, иако на кошаркарите им се дозволени и индивидуални тренинзи поради КОВИД-19. Целосните тренинзи треба да започнат во недела, а првит мечеви од пред-сезоната од 11 декември. НБА сезоната 2019/20, која ќе брои 72 меча, 10 помалку од вообичаено, почнува на 22 декември.