Екипите на Портланд, ЛА Лејкерс, Бостон, Торонто и Орладо забележаа победи во натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.
Пол Џорџ со овации беше пречекан во својот роден град Лос Анџелес, а потоа Лејкерси ја декласираа Оклахома, која играше без Расел Вестбрук и Кармело Ентони, со 106:81.
Лејкерси до 23. победа во 54. натпревар оваа сезона ги предводеа Колдвел-Поуп со 20 поени и 7 скока, односно Брендон со поен помалку. Џорџ беше најефикасен играч на Оклахома со 25 поени.
Портланд забележа победа над Шарлот 109:103 иако бекот на Хорнетс Кемба Вокер постигна 40 поени. Портланд на седум минути до крајот на мечот имаше предност од 17 поени, кога Вокер го започна своето шоу и до крајот на мечот постигна 15 поени и избори продолжение за својот тим.
Сепак во дополнителните пет минути Портланд успеа да стигне до победата.
БосанецотЈусуф Нуркиќ го предводеше Портланд со 24 поени и 14 скока, Мекалум постигна 22, а Лилард 18 поени.
Бостон благодарение на Кајри Ирвинг (28 поени) успеа да победи во Вашингтон 110:104, а шампионот Голден Стејт славеше над Далсс 121:103. Дурент уфрли 24, Кари 21, а Томпсон 18 поени за Вориорс кои со скор 42-13 ја предводат лигата.