Top Sport

НБА плејоф: Филаделфија и Хјустон пред победа, израмнето меѓу Спарси и Нагетси (видео)

Мајк Скот постигна тројка на 18.6 секунди пред крајот, за Филаделфија 76ерс да стигне до 112:108 победа на гости кај Бруклин нетс и да поведе со 3:1 во првото коло од плеј-офот на Истокот.

Џоел Ембид ги предводеше Сиксерси со 31 поени, 16 скока, 7 асистенции и 6 блока, иако не беше сигурно дали ќе го стартува мечот, Тобијас Херис додаде 24 поени, а Бен Симонс имаше 15 поени, 8  скока и 8 асистенции. За Нетс, Керис Леверт постигна 25, а Расел и Ален по 21 поени.

Мечот имаше и „грда“ страна, откако Ембид остро го фаулираше Ален, по што дојде до мешаница на теренот, а двајца беа исклучени.

Џејмс Харден имаше 22 поени, 10 асистенции и 6 украдени топки за Хјустон да се вратат за 104:101 победа над Јута за 3:0 водство во плејоф серијата на Западот. Харден имаше неверојатни 0-од-14 од поле во првите три четвртини, а утна и 15 обиди пред добриот финиш.

Никола Јокиќ имаше 29 поени, 12 скока и 8 асистенции за Денвер да стигнат до 117:103 победа на гости кај Сан Антонио за израмнување на серијата на 2:2. Со ова се прекина низата од 14 порази на гости на Денвер во „Аламо сити“, низа која трае од март 2012.

Крис Мидлтон имаше 20 поени за да ги предводи Милвоки до 119:103 победа на гости кај Детроит пистонс за 3:0 водство. Брук Лопез додаде 19 поени, 7 скока и 5 блокади за првите носители Бакс.

НБА ПЛЕЈОФ

(0:3) Детроит – Милвоки 103:119 (24:32, 30:35, 24:33, 25:19)

(0:3) Јута – Хјустон 101:104 (30:28, 25:22, 21:24, 25:30)

(1:3) Бруклин – Филаделфија 108:112 (33:24, 30:33, 28:28, 17:27)

(2:2) Сан Антонио – Денвер 103:117 (34:22, 20:32, 25:37, 24:26)

Scroll to Top