Top Sport

Крофорд остана шампион по контроверзниот „низок удар“ над Амир Кан (видео)

Теренс Крофорд остана ВБО шампион во велтер категорија, откако мечот со британската ѕвезда Амир Кан заврши на контроверзен начин – Кан се повлече во шестата рунда поради удар под појасот.

Откако прво заврши на подот уште во првата рунда, Кан доби случаен удар „во јајца“ во шестата рунда и заедно со неговиот тренер Вирџил Хантер решија дека не може да продолжи. Американецот Крофорд доминираше дотогаш во мечот и по дуелот изјави дека Кан едноставно решил дека не може да се носи со него.

„Не се откажувам никогаш, подобро да ме нокаутираат. Но, имав многу болки“, вели 32-годишниот Кан.

Фановите во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, секако, на ова реагираа со свирежи. Кога меч ќе заврши поради случајна повреда по комплетирање на четири рунди, се користат оценките на судијата за да се реши мечот, но овојпат беше оценето дека се работи за технички нокаут. Крофорд водеше со 49:45, 50:44, 49:45 кај судиите пред нокаутот.

Scroll to Top