Top Sport

НБА: Победија Сакраменто, Бруклин и ЛА Клиперс

Кошаркарите на Бруклин, Сакраменто и ЛА Клиперс остварија победи во НБА лигата. Бруклин Нетс го победи Портланд Трејл Блејзерс со 109:107, Сакраменто Кингс го совлада Сан Антонио Спарс со резултат 130:112, а Клиперс триумфираа над Детроит Пистонс со 96:91.

Бруклин ја прекина серијата од два порази и благодарение на расположениот Дурант славеа победа над Портланд.

Кајри Ирвинг повторно не играше поради суспензија, но овојпат се истакна Бен Симонс, а клучен човек покрај Дурент беше Јута Ватанабе.

Натпреварот беше решен во последните секунди откако Дурент го промаши шутот за победа, но Ројс О’Нил поентираше по офанзивниот скока.

Дурент го заврши натпреварот со 35 поени (13/22) и осум скока. Ватанабе постигна 20 поени, Џо Харис 15, а Симонс додаде 12 скока и седум асистенции.

На другата страна најдобар беше Демијан Лилард со 25 поени и 11 асистенции. Симонс постигна 24, Шарп 20, додека Јусуф Нуркиќ имаше 17 поени и осум скока.

Сакраменто Кингс го совлада Сан Антонио Спарс со резултат 130:112.

По лошиот старт на сезоната, Кингс ја продолжија серијата победи. Сакраменто ја забележа петтата победа по ред.

Најдобар кај победниците беше Фокс со 28 поени и осум скока. Монк додаде 26, додека Барнс и Сабонис имаа по 16.

Кај поразените најдобар беше Васел со 29 поени, Кејтс-Диоп 16, а Џонс 15.

Лос Анџелес Клиперс го победи Детроит Пистонс со резултат 96:91. Во тимот на Клиперс се врати најдбриот играч Каваи Ленард.

Реџи Џексон постигна 23 поени и беше најефикасен, го следеа Маркус Морис со 16 и Пол Џорџ со 15 поени. за 24 минути имаше шест поени, пет скока и четири асистенции.

Кај гостите Бојан Богдановиќ уфрли 26 поени.

Scroll to Top