Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер ја враќа идејата за ново куп натпреварување меѓу 30-те клубови во лигата кое би било организирано веќе од 2022/23 или 2023/24, објавува „ЕСПН“.
Преговорите кои се водат е за турнир во текот на сезоната, кој би почнал со формирање на групи во прелиминарна фаза на натпреварување, пред тие со најдобар скор да се квалификуваат за фајнал фор турнир, чие финале би се одиграло пред Божиќ. Со овој предлог исто така би се намалила регуларната сезона од 82 на 78 натпревари.
Идејата за ваков турнир доаѓа како шанса да се искористат богатите спонзорски договори и ТВ-договори, а исто така и кошаркарите би биле наградени – се проценува дека клубовите ќе добијат од 2.7 до 4 милиони евра по натпревар.