„Селери-кап“, односно буџетот што НБА клубовите го издвојуваат за платите на кошаркарите, во претстојната сезона ќе изнесува 101,9 милиони долари, потвдри лигата.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, објави дека буџетот за плати ќе се зголемува и во наредните во наредните сезони. Во сезоната 2019/2020 „селери-капот“ ќе изнесува 109 милиони долари, а во сезоната 2020/2021 ќе изнесува 118 милиони долари.
Исто така, лигата го утврди и данокот на луксуз, односно сумата што ќе ја плаќаат клубовите што ќе го надминат лимитот за плати.
Во сезоната што наскоро ќе започне данокот на луксуз ќе изнесува 123,7 милиони долари, во сезоната 2019/2020 123 милиони долари, а во сезоната 2020/2021 143 милиони долари.
Новата НБА сезона ќе започне на 17.октомври, а титулата ја брани Голден стејт Вориорс.