Челниците на НБА лигата до клубовите и Здружението на играчи доставиле интересни предлози за сезоната 2021/2022. Медиумите во САД пренесуваат дека првиот човек на НБА лигата Адам Силвер и неговите соработници не се откажуваат од идејата да внесат нови работи во најсилното кошаркарско натпреварување во светот.
Предлогот доставен до клубовите е во сезоната да се играат 78 натпревари. Исто така Силер не се откажува од организација на турнир додека трае сезоната, во ноември и декември, со одредени бонуси и награди за играчите.
Планот е турнирот да започне со осум натпревари на ривали од иста дивизија (тие мечеви би влегле во скорот за регуларниот дел од сезоната), а победниците од сите шест дивизии, плус уште две екипи со најдобар резултат. Потоа натпреварите би се играле по нокаут-систем и тоа на неутрален терен, најверојатно во Лас Вегас.
Предлогот на НБА лигата е секој играч од противничкиот тим да добие по еден милион долари, а тренерот 1,5 милиони долари.
Исто така ќе се разгледува и можноста за „плеј-ин“ односно тимовите од 7 до 10 место во своите конференции би разигрувале за пласман во плеј-офот. Кока е во прашање разигрувањето постои предлог четирите екипи со најдобар скор да бидат првите четири носители во плеј-офот.