Милвоки бакс се пласираа во финалето на Источната конференција, каде што ќе играат со подобриот од дуелот Филаделфија-Атланта, откако во драматична „мајсторка“ по продолженијата со 115:111 ги елиминираа фаворизираните Бруклин нетс.
Бруклин водеше со 2:0 и со 3:2 во полуфиналната серија, пред Бакси предводени од Мидлтон и Адетокумбо да направат неверојатен камбек.
Кевин Дурент имаше обид за тројка да го добие мечот на секунди пред крајот, но не успеа, оставајќи ги Бакси да го чекаат подобриот од „мајсторката“ меѓу Атланта хокс и Филаделфија 76ерс во финалето на Истокот.
Дурент направи многу за Нетс, постигнувајќи рекордни 48 поени и го прати мечот во продолженија по фантастичните поени, но од другата страна Јанис Адеоткумбо имаше 40 поени, а Крис Мидлтон го постигна победничкиот поен, еден од своите 23 поени.
Ова е прво финале на Истокот на Бакси од 2019 година, а ќе се борат за свое прво НБА финале од 1974 година.