Top Sport

Не беше добар за Звезда, а сега ќе настапува за НБА шампионот Милвоки!

Поранешниот кошаркар на белградска Црвена Звезда –американскиот крилен центар Џони О`Брајант има шанси во новата сезона да ги брани боите на актуелниот НБА шампион, тимот на Милвоки Бакс.

Играчот кој не ги задоволи критериумите во Белград, по неговата авантура во Турк Телеком се враќа во Милвоки, каде настапуваше од 2014 до 2016 година. Потоа тој играше за Денвер и за Шарлот, па следуваше преселба во Европа.

Пред да го облече „црвено-белиот“ дрес О`Брајант играше во Израел, за Макаби Тел Авив, но и во Русија, за Локомотив Кубан.

Американецот во Звезда беше 5 месеци, а со клубот го освои само трофејот во Купот Радивој Кораќ. Од него многу се очекуваше, но често му замеруваа во тимот дека премногу солира и дека не се вклопува во тимот.

Сега со Милвоки ќе биде на подготовките и до 19. октомври ќе треба да го заслужи местото меѓу 17-те кошаркари во ростерот.

Бакси на стартот на сезоната ќе ги одмерат сулите против Бруклин Нетс.

Scroll to Top