Top Sport

„Рафа и Роџер веќе нема да добијат меч во пет сета“

Само двајца тенисери успеале на еден ист турнир да ги совладаат Роџер Федерер и Рафаел Надал и да го освојат турнирот. Едниот од нив е Новак Ѓоковиќ, а другиот – Николај Давиденко.

На Русинот тоа му успеа две години откако Новак „го скина скалпот“ на Швајцарецот и Шпанецот, во Лондон во 2009 година.

Давиденко одамна е во пензија, но ги следи состојбите во „белиот спорт“.

„Не верувам дека Роџер и Рафа веќе ќе добијат меч во пет сета! Ќе биде многу тешко да се вратат во некогашната форма по овие повреди. Знам дека нивните навивачи сега ќе сакаат да ме натепаат, но само прашање на време е кога и самите тоа ќе го увидат. Ќе освојат по неколку титули, не велам дека постојано ќе губат, но не гледам како ќе успеат да освојат грен слем. Нивните тела веќе нема да можат да издржат битка во 5 сета. Час, час и половина врвен тенис ќе е нивниот максимум“ смета Давиденко.

Scroll to Top